Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Сарај и Центар.
Во периодот од 08:30 до 11:30 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од ул. Виктор Ивановиќ Гавриловиќ во Пржино, општина Кисела Вода, од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од село Орман и дел од село Волково во општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 20 во село Сарај, во општина Сарај.
Како што соопшти РЦУК, од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Славејко Арсов во општина Центар и 15:00 до 19:00 часот, корисниците од дел од село Рашче, (горниот дел кај џамијата ) во општина Сарај.