Утврден предлог-законот за централен регистар на население

58

Овозможување унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури има за цел предлог – законот за централен регистар на население, чиј текст го утврди Владата на седница.

Како што информира владината прес-служба, овие стандарди и процедури кои ќе го допрецизираат принципот на унифицираност при електронска размена и интеграција на податоци, како и принципот на единственост, ќе обезбедат основи за доследна имплементација на принципот на доверливост, со што ќе се зајакнат механизмите за заштита на личните податоци на населението.

Регистарот за населението ќе ги обезбеди основните предуслови за пристап на граѓаните до јавните услуги обезбедени од страна на надлежни органите и други лица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...