Уставниот суд ги отфрли иницијативите за Одлуката за уставни измени

254

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови ги отфрли двете иницијативи поднесени на собраниската Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија oд 19 октомври годинава.

Иницијативите, како што велат од Судот, се отфрлени бидејќи Одлуката не претставуваат пропис и не подлежи на уставно-судска оценка.

Подносители на иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката се Светскиот македонски конгрес и физичко лице од Свети Николе.

– Со одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија евидентно е флагрантното кршење на Уставот и законите на државата Македонија и на меѓународното право, велат меѓу другото од Светскиот македонски конгрес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...