Уставниот суд ја објави одлуката со која на лицата Гоце Марковски и Гораст Муратовски, двајцата од Скопје, им е повредено правото на слобода на мислата и јавното изразување на мислата и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност, во смисла на член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, пренесе Академик.
Гоце Марковски и Гораст Муратовски, двајцата од Скопје, застапувани од полномошникот Павлина Зефиќ, адвокат од Скопје, до Уставниот суд на Република Македонија поднесоа барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, кои се однесуваат на правото на слобода на мислата и јавното изразување на мислата и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност.
Според наводите во барањето, се вели во одлуката на Уставниот суд, на ден 29.7.2017 година подносителите на барањето, кои биле членови на политичката партија „Левица“, заедно со уште две лица организирале мирен протест за време на презентација на воената опрема на САД и АРМ. За време на настанот сакале да испратат порака со приложување на транспарент напишан на платно „Против војната за профити“. Целта на членовите на политичката партија била да покажат дека се против милитаризација на општеството, против милитаризмот што го шири САД со демонстрација на моќ во Македонија. Тие сметале дека со нивната парола испишана на платно ќе испратат порака за, како што тие наведуваат: „Со ова воено дефиле ние испративме директна покана до терористите, а како држава не сме способни да се справиме со едно поголемо невреме. Ние сакаме парите да се трошат на добро образование и на добро здравство.“
Тука може да ја прочитате целата одлука