Проектот “Заеднички акции за превенција од поплави во прекуграничниот регион”, кој општина Ранковце го имплементира заедно со општина Бобов дол, Бугарија, како дел од Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија успешно заврши денеска.
Главните активности и производи кои излегоа од овој проект се: Одржани се шест работни средби помеѓу тимовите за имплементација на проектот, две пресконференциии за презентација на проектните активности и проектните резултати, изработени се материјали за промоција на проектните активности и резултати, како два банера, две информативни табли, 600 флаери, 300 пенкала и шест статии во електронски медиуми.
Се одржа кампања за подигнување на свеста на учениците од основните училишта во Ранковце и Бобов дол, се изработи заедничка стратегија и методологија за заштита од поплави во прекуграничниот регион, а врз основа на стратегијата се изработија и 1000 брошури, се изгради и регулација на Голем дол во општина Ранковце и регулација на реката Горештица во општина Бобов дол, кои беа главни активности на проектот.
Бенефициенти на проектот беа 4.414 жители на Ранковце и 8.280 жители на Бобов дол. Работните тимови и од двете општини, заедно со градоначалниците изразија задоволство од успешното завршување на проектот, особено заради тоа што се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од двете општини кои тие го имаа по обилните врнежи. Истовремено, изразија и можност за соработка во некој нареден проект.