Успехот на нашите параолимпијци мотив за спортување кај лицата со посебни потреби

43

Успехот на деветтооделенката Сара Дураку и другите учесници на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада во Абу Даби ги мотивираше учениците од паралелките со посебни потреби во основното училиште Лирија уште повеќе да сакаат да се занимаваат со спорт. Сите 39 деца денес посака и дојдоа да учествуват на спортските настани кои по повод Светскиот ден посветен на информирање и активизам за аутизмот 2 април беа организирани од Здружението Хендимак и спортскиот клуб Студенти.

– Сара се врати со две медали и многу ги мотивираше соучениците и другите деца да се занимаваат со спорт. Се повеќе прашуваат за можностите да спортуваат, а важно е вежбањето за нивно подобро здравје – изјави Нијаре Сулејмани, дефектолог во ОУ Лирија.

Спортот и дружењето кај децата со посебни потреби се значајни за нивното добро расположение што е основа за нивна поголемо вклучување во општеството.

– Има огромна разлика кај Вилдане Амети пред да почне со спорт и сега. Иако има само 10 години таа покажа огромна зрелост и замина на специјалната олимпијада каде освои 4-то место- изјави нејзината наставничка, Афердита Исени, исто така дефектолог во училиштето.

Сара Дураку (14) и Ардијан Шабани (22) на Олимпијадата освоија по две сребрени и две бронзени. Агрон Хајредини (30) и Вилдане Амети (15) се пласираа на 4-то место. Сите се членови на спорткиот клуб Студенти од Тетово каде инклузивно тренираат со останатите членови во спортови атлетика, кошарка и фудбал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...