Најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт и неговата девојка Каси Бенет го чекаат своето прво дете. И двајцата се пофалија со тоа на друштвените мрежи.
– Само сакам да Ви соопштам дека наскоро ќе пристигне КРАЛОТ или КРАЛИЦАТА, напиша Јамајканецот на Твитер.
Болт (33) во кариерата на атлетски тркач освои осум златни олимписки медали, како и 11 први места на светските првенства. Сè уште го држи светскиот рекорд на 100 метри, (9,58 секунди) и на 200 метри (19,19 секунди).
Двојката е заедно од 2014 година.