Владата ја усвои предлог-програмата за работата на Владата за 2019-та година. Таа е во согласност со Програмата за работа на Владата 2017-2020, како и во согласност со Методологијата за стратешко планирање и подготвување на Годишната програма. Програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели за 2019 година на Владата.
Развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните.
Република Македонија – членка на НАТО и Европската Унија.
Одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата.
Јакнење на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа.
Реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија.
Реформи во правосудството.
Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување.
Намалување на аерозагадувањето.