Усвоена информацијата за набавка на инсулин, глукагон, игли, ленти за мерење шеќер и пумпи

238

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за повеќегодишна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 – септември 2020 година.

Од владината прес-служба информираа дека за спроведување на набавката е задолжено Министерството за здравство.

Владата ја прифати и информацијата за почнување на подготвителни работи и претходна анализа за можноста за формирање Регионален проект за фракционирање на крвна плазма и безбедност во снабдувањето со крв. Подготвителните активности за овој проект е задолжено да ги почне Министерството за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...