Усапсени над 250 лица на протестот во Москва

110

Повеќе од 250 лица се уапсени за време на денешниот протест во Москва, наведуваат активисти за човекови права, пренсе ДПА.

Стотици руски активисти протестираа пред канцеларијата на московскиот градоначалник откако неколкумина опозициски кандидати на контроверзен начин не се најдоа на гласачкото ливче за изборите што следат за Градскиот совет, додава агенцијата.

Може да се види како полицијата апси многу луѓе и ги става во полициски возила пред зградата на градското собрание, јавуваат активистите.

Полицијата претходно предупреди дека ќе казнува за протестот, што не беше одобрен од градските власти.

Полицијата  наведе дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки“ за да „ го спречи секое нарушување на јавниот ред“, наведе државната агенција Тасс.

За време на протестот полицијата го затвори пристапот до Градската куќа за автомобили и автобуси и на многу демонстранти им бараше лични документи, додава ДПА

Еден од демонстрантите, кој анонимно зборуваше за ДПА, кажа дека тие легално се таму, но дека политичарите ги кршат нивните права.

Демонстрантите протестираат што независните кандидати не добија дозвола да се најдат на гласачкото ливче за изборите закажани за 8 септември. Вкупно 57 кандидати беа одбиени да се најдат на гласачкото ливче, вклучувајќи го и проминентниот критичар на владата Илја Јашин.

Фото: EPA/YURI KOCHETKOV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...