Урбенесното интервју за регионалната телевизија Нова, старо девет години, деновиве повторно се „врти“ на социјалните мрежи.
Станува збор за интервју направено во 2009 година со Чиро Блажевиќ, шест месеци откако тој тогаш ја презема репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Ова е прво интервју кое го прави младиот новинар Речимир Арнаутовиќ.
Блажевиќ никако не успева да одговори на неговото прашање бидејќи новинарот цело време го прекинува и го поставува речиси истото прашање, повторно и повторно.
Во еден момент Блажевиќ се обидува да му стави до знаење дека пред интервју треба да се спреми. Изваден од такт, тренерот во еден момент престанува да бира зборови и целата ситуација се претвора во скеч.