Доналд Трамп се качил на претседателскиот авион со, како што изгледа, тоалетна хартија заглавена на неговиот чевел.
Парче бела хартија беше забележана како се мавта залепена на левиот чевел на американскиот претседател додека тој се качува во авионот.
Трамп, кој учествуваше во кампањата „Make America Great Again“ во Минесота за претстојните избори во ноември, не го забележа неговиот додатен багаж.
Откога се качи, се сврте да отпоздрави со раката и влезе во авионот оставајќи го парчето хартија на врвот на скалите.
Ниту еден од неговите вработени не се обиде да го предупреди претседателот за проблемот, иако еден од нив се насмеа и му кажа нешто на колегата. Не е познато дали тој направи шега на сметка на претседателот Трамп.
Корисниците на Твитер побрзаа да прават потсмешливи шеги на сметка на главниот командант, еден од нив сугерирајќи дека инцидентот „го сумира целото негово претседателств“, додека друг го нарече „предмет на потсмев“.
ФОТО: Јутјуб