Со силна планирана експлозија е урнат остатокот од мостот во Џенова кој минатата година се урна при што загинаа 43 луѓе.
Поради големиот облак од прашина при рушењето, околу 3.500 луѓе кои живеат во близина се евакуирани поради претпазливост.
Станбените објекти под мостот беа евакуирани еден ден по експлозијата, во август 2018 година.
Пожарникарите прскаа со вода за да се намали прашината предизвикана од експлозијата.
Обвинителите се уште бараат и ги разгледуваат можните причини за падот на мостот, недостатоци во дизајнот или лошо одржување.
Познатиот архитект од Џенова, Ренцо Пјано го дизајнираше новиот мост.
ФОТО: Твитер