Вдовицата на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија обвинет во Хаг Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ погребана е денеска во Пожаревац.
Урната на Марковиќ, е положена во заедничката гробница во двориштето на семејната куќа каде што во 2006 година беше погребан и Слободан Милошевиќ.
Марковиќ по своја желба беше кремирана во Русија.
На погребот присуствуваа Војислав Шешељ Милутин Мркоњиќ, Славица Џукиќ Дејановиќ и Жарко Обрадовиќ.
На церемонијата немаше никој од потесното семејство на Милошевиќ, ниту синот Марко, ниту ќерката Марија.