Урко утре ќе сведочи за „мерцедесот“ на Груевски

Покрај утрешното, во среда е закажано уште едно рочиште за „Тенк“. Во текот на неделата освен на двете судења за „Тоа на М“, Груевски во судница ќе мора да се појави и во четвртокот како обвинет во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни измами.

653

Дејан Митровски Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, утре треба да се појави во Кривичниот суд во Скопје како сведок во случајот „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ од речиси 600.000 евра.

Тој ќе биде ден од осумте сведоци на одбраната кои се повикани да сведочат на утрешното рочиште.

На минатото, исто така сведочеа лица по предлог на одбраната. Вкупно 11 лица кои биле дел од тимот што го обезбедувал Груевски додека беше премиер, зборуваа дека стариот блиндиран мерцедес со кој се возел Груевски бил често во дефект, се чекало и со месеци за резервни делови, не бил на доволното безбедносни ниво. Зборуваа дека често го позајмувале блиндираниот мерцедес од МВР, но ни тој не бил на потребното безбедносно ниво и често бил неисправен.

– Сметам дека се релевантни, тоа ме посоветуваа и моите адвокати- одговори Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека сведоците кои денеска зборуваа дека старото возило било често неисправно и имало потреба од ново блиндирано се релевантни со оглед на тоа што предметот се однесува на нелегална набавка.

Покрај утрешното, во среда е закажано уште едно рочиште за „Тенк“. Во текот на неделата освен на двете судења за „Тоа на М“, Груевски во судница ќе мора да се појави и во четвртокот како обвинет во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни измами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...