Уредени четири нови паркови во Скопје

Паркови се уредени на булеварите Свети Климент Охридски и Крсте Мисирков како и на улиците Лазар Личеновски, Втора македонска бригада и Лазо Трповски.

355

Екипи на Град Скопје и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ подигнаа и уредија четири зелени површини во главниот град.

На булеварот Свети Климент Охридски, пред зградата со број 54 е уреден зелен плоштад на површина од 800 метри квадратни. Поставена е хидрантска мрежа од 150 метри, четири шахти, три хидранти и 12 прскалки.

Зелен плоштад е уреден и на улицата Лазар Личеновски под Кале, на површина од 819 метри квадрати. Поставени се хидрантска мрежа од 20 метри, седум шахти, четири хидранти и 17 прскалки.

Уредено е и зеленило од 5.684 метри квадратни меѓу улиците Втора македонска бригада и Лазо Трповски. На оваа зелена површина е поставена хидрантска мрежа од 450 метри, 11 шахти, осум хидранти и 74 прскалки.

Јавна зелена површина е уредена и на булеварот Крсте Мисирков, до Младинскиот културен центар (МКЦ). На оваа локација, на површина од 4.585 метри квадратни е поставена хидрантска мрежа од 100 метри, седум шахти, пет хидранти и 47 прскалки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...