Управниот одбор на ЗНМ го потврди Чадиковски за претседател и избра негова заменичка

На седницата, додаваат оттаму, беше предложена и едногласно избрана Фиљана Кока за заменик претседател на здружението на новинарите на Македонија.

379

Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на конститутивната седница вчера едногласно донел одлука дека Младен Чадиковски е легитимно избран за нов претседател, со мнозинство гласови од редовните членови присутни во моментот на гласањето.

„Освен ова, Управниот одбор констатираше дека за време на одржувањето на Собранието не беше пристигнат ниту еден приговор за процесот на гласање од страна на присутните членови, ниту од страна на членовите на Верификационата и Изборната комисија. Сите засегнати страни кои што имаат било каков сомнеж во однос на изборната процедура можат да ги употребат достапните правни лекови“, соопштија од ЗНМ.

На седницата, додаваат оттаму, беше предложена и едногласно избрана Фиљана Кока за заменик претседател на здружението на новинарите на Македонија.

Управниот одбор на ЗНМ повикува и на консолидација на членовите со цел да се одржи достоинството и единството како клучни принципи за заштита на интересите на сите членови.

„За сите различни мислења е потребен зајакнат и институционализиран форум за дебата, со оглед на фактот дека и двајцата кандидати за претседател своите програми ги темелеа на поголема вклученост на членството во работата на Здружението преку предложени секции. Да се разговара со сите засегнати групи во еснафот и формирање секции кои ќе ги претставуваат интересите на тие специфични групи“ предлага Управниот одбор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...