Управен суд го поништи решението на Антикорупциска за Куманово

382

Управниот суд го поништи решението на Антикорупциска комисија кое се однесува на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Советот на општината, Атина Муграшанска.

Станува збор за решение со број  12-22570/9 од 6 мај годинава.

Антикорупциската комисија донесе решение по дадена претставка на ВМРО-ДПМНЕ, за наводно користење на општински простории во Куманово за промоција на тогашниот претседателски кандидат Стево Пендаровски.

„Управниот суд смета дека при донесувањето на решението на Антикорупциска комисија нецелосно ја утврдила фактичката состојба, поради што не била во можност да цени дали правилно е применето материјалното право“, се вели во информација од опината Куманово.  

Според Управниот суд и приложените докази, „предметната сала ја користат повеќе политички субјекти, здруженија и невладини организации со оглед дека на подрачјето на Општина Куманово нема друга соодветна сала“.

Судот, исто така укажува дека салата не е во сопственост на Општина Куманово.

„Поради тоа тужбените наводи и доказите приложени кон тужбата произлегува дека не е со сигурност јасно дали просторот во кој се одржала средбата со граѓаните е во фактичко владение на Општина Куманово имајќи предвид дека за предметната зграда се води судска постапка за утврдување на правото на сопственост, а кое го потврдува и самиот тужен орган. Наведеното, дотолку повеќе што диспозитивот на оспорената одлука не содржи податоци по однос на недвижноста која е предмет на спорот“, се вели во информацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...