УПОЗ: Ќе се потрошат 250 илјади евра за луксузни возила, а нема пари за поголеми плати

348

Синдикатот на УПОЗ денеска реагираше што ќе се набават нови возила за Судскиот совет и за судовите, а не се исполнуваат барањата за зголемување на платите на судските службеници, за додатоци на плата и за регрес за годишен одмор.

– Претседателот на судскиот совет пред неколку денови објави дека Судскиот совет ќе набави две возила, едно во во вредност од 40.000,00 евра, а другото во вредност од 16.000 евра. Од оние податоци кои ние можевме да ги најдеме отворени се или веќе се реализирани постапки за набавка на нови возила во Врховниот суд во вредност од 16.000 евра, Апелациониот суд Гостивар 28.336,00 евра, Основен суд Тетово 20.000 евра, Основен суд Велес 16.000 евра, Основниот суд Скопје 2 27.000 евра, Апелационен суд Штип 28.000 евра, Основен суд Штип 16.000 евра, Основен суд Битола 16.000,00 евра и Апелационен суд Битола 28.000 евра. Кога ќе се соберат сумите од овие набавки, произлегува дека Судскиот совет и судовите ќе потрошат приближно околу 250.000 евра, пари од работниците и државата за набавка на возила – изјави Трпе Дејановски, генерален секретар на УПОЗ.

Од УПОЗ ја повикаа Владата да го исполни своето ветување и по завршувањето на претседателските избори да ги врати задржаните средства за време на штрајкот во 2016 година. Во спротивно, велат од УПОЗ, ќе се соочи со над 2000 тужби за поврат на овие средства кои ќе нанесат огромна штета на Буџетот на државата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...