УПОЗ со кривична за Караџовски поради додатоците за плата

274

Синдикатот најави кривична пријава за претседателот на советот Зоран Караџовски, а Обвинителството отвори предмет по допрен глас, пренесува Телма.

Обвинителството ќе ја испитува основаноста на донесените одлуки за исплата на додатоци на плата за членовите на Судскиот совет и извршената исплата. Надлежниот јавен обвинител истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Р. Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

Скандалозна и незаконска е одлука на Судскиот буџетски совет за ретроактивна исплата на додатоци на плата за септември и октомври, велат од Синдикатот на УПОЗ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...