Уништена опрема на соларното дрво на Кејот на Вардар

385

Уништена е дел од опремата околу соларното дрво на Кејот на Вардар. Скршен е ормарот во кој се сместени уредите, при што е украдена внатрешната опрема и батериите за работа на ова соларно дрво (полнење на електрични тротинети и други е – уреди), информира Карпош.

– Овој вандалски чин е направен во текот на викендот, а штетата изнесува околу 120 илјади денари.  Во изминатиот период сведоци сме на свесно уништување на новопоставената урбана опрема во Општина Карпош, крадење на украсни растенија и новозасадени дрвја.Општина Карпош бара одговорност за сторителите и ги повикува надлежните институции да преземат мерки за санкционирање на овие вандалски чинови. Најголемиот дел од уништените добра се набавени со пари на граѓаните – буџетски средства и затоа треба сите да бидеме одговорни и свесни за тоа што го правиме. Деструктивните активности имаат за цел да креираат слика на нефункционалност на локалната самоуправа, но штетата што се прави е колективна – велат од Општината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...