Насилни методи за дисциплинирање на децата примениле 79 отсто од родителите во Македонија, опфатени со истражувањето што го спроведе УНИЦЕФ, а една четвртина од наставниците имаат ниска свест за психичко злоставување и лесни форми на физичко насилство.
Според ова истражување, во Македонија седум од десет деца на возраст од 2 до 14 години дома се дисциплинираат со насилни методи, односно со физички казни и психолошка агресија, пренесува СДК.