УНЕСКО не дозволува Ердоган да си поигра со „Света Софија“

831

Промена на статусот на музејот „Света Софија“ во Истанбул не е можна без одобрение на Организацијата на ОН за образование, култура и наука (УНЕСКО), соопштија денеска извори од седиштето на оваа агенција на Светската организација во Париз.

Реакцијата на УНЕСКО следи откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата во телевизиско интервју најави дека планира „Света Софија“ да ја претвори во џамија.

Најавата на Ердоган предизвика жестока реакција на Атина, која се спротивстави на ваквите планови.

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека евентуалното претворање на „Света Софија“ во џамија ќе претставува не само навреда за христијаните, туку и за целата меѓународна заедница.

„Света Софија“ е изградена во шестиот век и во тоа време бил најголем христијански храм во светот.

По освојувањето на тогашен Константинопол од страна на Османлиите во 1453 година, црквата е претворена во џамија. По формирањето на модерна Турција во 1923 година, со одлука на првиот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк, „Света Софија“ е прогласена за музеј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...