Државава ќе добие уште неколку месеци за да ги исполни препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион дадени во 2017 година, пренесува Канал 5.
Комитетот за светско наследство ги прифати забелешките на повеќе земји дека е направен извесен напредок, но земјава треба да добие дополнително време пред да се одлучува дали Охридскиот регион ќе добие статус „светско наследство во опасност.“
„Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година, со можност, во случај да се утврди опасност на нејзината универзална вредност, да се вметне во листата на Светско наследство во опасност.“