Унгарците излегоа на нови протести против владата на Орбан

251
Photo: EPA/Marton Monus

Десетина антивладини протести вчера се организирани во Унгарија во знак на протест поради измените на Законот за работа.

Со промените на Законот драстично се зголемува бројот на прекувремени часови кои работодавачот може да ги бара од вработените.

Законот за работа е изменет во декември и содржи и други мерки на штета на работниците.

Опонентите на премиерот Виктор Орбан Законот го нарекоа „Закон за робови“, а покрај тоа протестираат и поради корупцијата и нападите на Владата врз медиумите и академската слобода.

Портпаролот на унгарската Влада. Иштван Холик изјави дека измените на Законот за работа е само изговор за протести, кои ги оцени како дел од опозициската кампања пред изборите за Европскиот Парламент.

Photo: EPA/Marton Monus

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...