Унгарски новинар тврди дека Груевски под палто криел лисици на рацете

942

Унгарски новинари кои утрово беа присутни во судот во Будимпешта кога Груевски беше доведен откако беше приведен од тамошната полиција раскажуваат за Телма што се случувало додека присуствувале во судницата.

– Полицијата го донесе рано изутрина. Тој дојде со палтото префрлено преку рацете. Некои рекоа дека има лисици, но јас не ги видов. Не сум сигурен дека имаше лисци, но ако имаше успешно тоа го криеше со палтото. Тој ги игнорираше медиумите и прашањата на новинарите и влезе во судницата со безбол капче и со славните наочари за сонце – вели Жолт Кернер, новинар во весник „24“.

Неговиот колега пак вели дека Груевски имал некаков вид на лисици на рацете, што било стандардна процедура на унгарската полиција кога приведува некого на барање на судот.

– Тој ги покриваше со своето палто кое висеше на неговите раце и ги криеше од камерите – вели Балаш Редли, политички дописик РТЛ Унгарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...