Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара азил во земјата.
Унгарската националистичка партија „Јобик“, како и левичарските партии „Дијалог“ и Демократската коалција, денеска соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во Македонија.
Портпаролот на „Јобик“, Адам Миркоцки, ја оквалификува ситуацијата како „невиден скандал“, посочувајќи дека Груевски е „баран криминалец“ од земја, каде нема војна и тој не е гонет врз религиозна или политичка основа.
Ричард Барабаш, портпаролот на „Дијалог“ нагласи дека местото на Груевски е „зад решетки“.
Фото: МИА