Унгарскиот Парламент денеска усвои закон со кој се зголемува владината контрола врз театарската сцена во државата. Законот беше донесен по итна постапка, со мнозинство гласови кои стојат зад конзервативниот-националистички премиер Виктор Орбан.
Сто и петнаесет пратеници беа „за“, а 53 беа „против“.
Пратениците од опозицијата за време на гласањето држеа црна театарска маска, јавија локални медиуми.
Предлог-законот предвидува формирање Национален културен совет за владино „централизирано стратешко управување со културните сектори“ и се зголемува нејзината улога во управувањето со локалните театри и финансирањето.
Владата го повлече тој потег по големиот пораз на партијата „Фидес“ на Орбан на локалните избори во октомври. Фидес загуби од опозицијата во Будимпешта и десет клучни градови.
Законот беше донесен и покрај петицијата што ја потпишаа повеќе од 50.000 луѓе. Критичарите предупредуваат дека назначувањето театарски директор и преземањето контрола врз финансиите ја отвора вратата за задушување на уметничката слобода.