Унгарската амбасада и кабинетот на Орбан не коментираат барања за азил

1265

Од Унгарската амбасада во Скопје и од Кабинетот на претседателот на Унгарија, Виктор Орбан не коментираат дали поранешниот премиер Никола Груевски е во Будимпешта и дали побарал политички азил.

Поранешниот премиер оваа информација ја сподели на Фејсбук откако МВР во два обида вчера не успеа да го најде дома и при претсрес на гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за да го спроведе во затворот Шутка каде треба да одлежи две години затвор за предметот „Тенк“.

И Амбасадата и Кабинетот на Орбан ниту ја потврдија ниту ја отфрлаат информацијата објавена на фејсбук профилот на Груевски дека бара политички азил во Унгарија.

– Не можеме ниту да потврдиме, ниту да демантираме. Не сме во можност да даваме информации за индивидуални барања азил кои сеуште се во постапка, велат од кабинетот на Орбан и од амбасадата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...