Унгарските власти ја запреа истрагата за екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, пренесува унгарскиот портал 444.ху.
Според порталот , било утврдено дека Груевски имал валидни патни документи на унгарско-српската граница и на останатите гранични премини. Според тоа, влезот на Груевски во Шенген зоната е во согласност со сите закони.
Како што додаваат медиумите од Унгарија, кај Груевски немало никакво незаконско преминување на границата.