Најпознатиот истражувачки портал во Унгарија тврди дека Груевски во Будимпешта пристигнал од Белград со авион на олигарх близок на премиерот Орбан. Можно е и неговиот Фејсбук статус од вторникот да бил мамка, објавува Дојче веле.
Осудениот поранешен македонски премиер Никола Груевски со помош на унгарските власти преку Албанија, Црна Гора и Србија најверојатно илегално бил внесен во Унгарија. Со тоа, владата на Виктор Орбан станува се посомнителна дека во аферата со бегството на Груевски пружала помош со негово шверцување и илегално внесување во земјата.
Унгарски медиуми откриваат дека е можно Груевски да пристигнал во Унгарија во средата на 14 ноември, и тоа со приватен авион во сопственост на олигарх близок до Орбан
Со тоа, унгарската влада не само што го прекршува актуелниот закон и правилникот за доделување азил, туку го крши и неодамна изменетиот Устав, којшто забранува доселување „на странски народи“.
Поради сомнеж дека се сторени овие дела, независниот унгарски парламентарец Акос Хадази, вчера во Будимпешта поднесе пријава против непознат сторител.
Унгарската влада попладнево се огласи со соопштение во кое тврди дека „не му помогнале на Груевски да ја напушти Македонија“. Но во изјавата, нема ниту збор за информациите дека унгарските дипломати активно му помагале во најмалку три други држави. Притоа, никој досега официјално не ја обвинуваше Будимпешта дека го извлекла Груевски од Македонија.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА