Унгарија го отповика почесниот конзул Сашо Јанакиевски поради скандалот со медицинскиот отпад

622

Унгарија вчера го отповика сопственикот на фирмата „Еко клуб“ од Битола, Сашо Јанакиевски, кој беше почесен Конзул на Унгарија во Битола. Одлуката ја донело унгарското МНР откако во јавноста излезе информацијата дека фирмата на Јанакиевски несоодветно го третира медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“.

Унгарското МНР вчера испратило нота до македонското МНР со известување дека отповикувањето стапува во сила веднаш.

Јанакиевски бил почесен конзул на Унгарија од 2012 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...