Женката горила Коко, која се појавуваше во многу документарни филмови, умре во резерватот во калифорниските планини Санта Круз. Оваа 46-годишна горила беше во светот позната по тоа што со луѓето комуницираше на знаковен јазик, а починала во вторникот во сон, соопшти фондацијата „Горила“.
Родена е во Зоолошката градина во Сан Франциско, а знаковниот јазик го учела од доктор Франсин Петерсон, што станало дел од проектот на Универзитетот Станфрод во 1974 година.
Фондацијата навела дека способноста на горилата Коко за учење на јазикот и емпатијата ги изненадило и ги освоило срцата на луѓето ширум светот.
На насловната на магазинот „Нешенел џеографик“ од 1978 година беше објавена фотографијата на Коко која самата себе се фотографираше во огледало.
Коко е горила родена во 1971 година и одгледувана во заробеништво. Позната е по тоа што, за разлика од другите животни од нејзиниот вид, знаела повеќе од 1.000 знаци и дека на знаковниот јазик кажува повеќе од 2.000 зборови.
Нејзиниот партнер Мајкл, кој исто како и Коко знаел да комуницира со луѓето преку гестикулација, умре во 2000 година.
Инаку, Коко во 2016 година го искористи своето знаење на знаковниот јазик на луѓето да им го сврти вниманието на уништувањето на планетата.