По Албанија, БиХ, и Црна Гора умерен земјотрес синоќа ја потресе и Хрватска, јавија хрватските медиуми.
Потресувањето на тлото било со сила од 2,9 степени според Рихтеровата скала и синоќа можело да се почуствува во Карловац, но и во делови од Загреб.
По серијата потреси во Албанија кои изминатите два дена можеа да ги почуствуваат жителите од јужните делови на Хрватска, синоќа потреси се почуствувале и во внатрешноста од земјата, пренесе загрепски „Јутарњи лист“.
Сеизмолошката служба информира дека во 20.17 часот на сеизмографите бил забележен умерен потрес со епицентар од околу 20 километри југоисточно од Карловац.