Умерено облачен ден

185

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела и понеделник можна е појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...