Претседател на Украина Петро Порошенко потпишал документ за привремено воведување на безвизен режим за влез и транзит низ Украина за граѓаните на Северна Македонија, дознава ТВ21.
„Во периодот од 16 март 2019 година до 15 март 2020 година се воведува безвизен режим за Украина и транзит низ територијата на Украина за граѓаните на Република Северна Македонија, ако нивниот престој во Украина не надминува 90 дена во рок од 180 дена”, се наведува во документот.