Украдени 26.800 килограми јаболка од магацин во Ресен

681

Околу 26.800 килограми јаболка, односно 30 палети со 56 гајби од ова овошје биле украдени во магацин на поранешна фабрика во Ресен, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во полицискиот билтен, делото го извршил непознат сторител кој насилно влегол во објектот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициска станица Ресен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...