Украдени 2,3 милиони евра од блиндирано возило во Италија

192

Италијанската полиција соопшти дека на автопат во јужна Италија од блиндирано возило се украдени 2,3 милиони евра.

Крадците користеле ровокопачи за да го отворат блиндираното возило кое ги превезувало парите.

Возилото, кое од Бари пренесувало пари за пензии кон поштите, крадците го стопирале на патот со два шлепера, а потоа користеле два ровокопачи како отварачи за да дојдат до парите.

Маскираните крадци потоа ги запалиле шлеперите и побегнале со друго возило кое ги чекало.

Полицијата исто така соопшти дека ниту еден од тројцата обезбедувачи на парите кои биле во блиндираното возило не е повреден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...