Украдени 200 литри нафта од булдожерот кој го чисти снегот од Маврово кон Галичник ФОТО

1354

Екипите на „Македонија пат“ го расчистуваат снегот од Маврово кон Галичник, каде за да се пробие патот тие направија тунел од натрупаниот снег.

Од месната заедница Галичник, пак, на Фејсбук објавија дека во текот на ноќта од булдожерот со кој се расчистува патот биле украдени 200 литри нафта и бил оштетен системот за довот на гориво.

Случајот е пријавен во полициската станица Маврово и направен е увид и записник за штетата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...