Од куќа во прилепско Кривогаштани украдени се околу 20 илјади евра. Кражбата е извршена ноќеска во периодот од 03 до 08 часот во домот на 60-годишниот М.Ш.
Разбојникот со употреба на сила влегол во куќата од каде ги одзел парите.
Увид извршила екипа од полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.