Јапонска брачна двојка која се занимава со одгледување бонсаи стебла, упати емотивен повик кон крадците откако минатиот месец откри дека им се украдени седум вредни промероци, меѓу кои и 400 години стара смрека.
Сеиџи Лимура и неговата сопруга Фујуми соопштија дека вредните минијатурни стебла биле украден од нивниот двор во префектурата Саитами во Токио, и оти им се „како деца“.
– Нема зборови со кои би можело да се опише како сега се чувствуваме јас и мојата сопруга. Тие бонсаи ни беа скапоцени. Тоа е наше богатство кое не би го продале за ниту едни пари. Како деца ни се -напиша Лимура.
Вредноста на украдените минијатурни стебла се проценува на повеќе од 13 милиони јени (околу 118.000 долари).
Шимпаку Јунипер, или мини смрека, е едно од најбараните видови бонсаи стебла меѓу колекционарите и ентузијастите. Неговата вредност се проценува на повеќе од 10 милиони јени (околу 91.000 долари).
– Нашиот Шимпаку живееше 400 години, му треба нега и не може да преживее без вода ниту една недела – изјави Лимура.
Брачната двојка Лимура се грижат за околу 3.000 бонсаи дрва во својата градина од 5.000 квадратни метри.
ФОТО: ЕПА / DAVID COLL BLANCO