Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

966

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе од куќен притвор. Судија на претходна постапка минатата недела му ја укинал на Јакимовски мерката куќен притвор и му одредил мерки на претпазливост, по предлог на надлежен јавен обвинител кој побарал ублажување на мерката.

Судот му одреди мерка куќен притвор на Јакимовски во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...