Укинати забраните за камиони кај Буково, Ѓавато и на патот Струга – ГП „Ќафасан“

71

Укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, како и на патот Струга – граничен премин Ќафасан, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Во сила се забраните за движење на камиони на патиштата крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку  Пресека, патот Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...