Укината забраната за камиони на патот Маврово-Дебар

36

 Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар е укината изутрина во седум часот, а се уште е во сила забраната на превојот Стража, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби.

Слаб снег провејува на Попова Шапка и во Маврово. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...