Уживајте во сончевиот ден, попладне доаѓа невреме

Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица, особено во вторник.

0

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 26 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

За  време на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град. Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица, особено во вторник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...