Ужасна смрт пред очите на синот: Жена се задавила додека правела торта

Жена (58) од Франција загина завчера пред очите на својот син (15) во бизарна несреќа додека приготвувала торта.

1049

Жена (58) од Франција загина завчера пред очите на својот син (15) во бизарна несреќа додека приготвувала торта.

Нејзе марамата (шалот) ѝ се заплеткала во блендерот и се задавила во кујната во нејзиниот дом во Сент Етјен, пишува „Ле Прогрес“.

Тинејџерот повикал итна помош кои му рекле да го исклучи апаратот од струја и да ја пресече марамата.

За жал, на несреќната жена ѝ немало спас, без оглед на обидите на лекарите да ја оживеат кога пристигнале на местото.

Синот објаснил дека до трагедијата дошло додека правеле торта, а обдукцијата и истрагата треба да утврдат што точно се случило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...