Ужасен морален шљам

Кога веќе системот е расипан и не покажува намера да го исчисти ѓубриштето наталожено од ваквите и сличните на нив, ние можеме да им „помогнеме“ на овие цицачи да си го најдат заслуженото место – на буништето на сегашноста и на историјата. Ние, сите заедно.

2764

Заслужуваат само презир. Нема зошто да им веруваме, ниту да ги цениме. Универзитети, институти, катедри, фондации, центри за мировни студии, организации, иницијативи и центри за едукација, за студии, за безбедност, за мир, за ненасилство, за развој, за кубење перја, „истражување на руди и губење време“, бричење со тапо џамче, тракатанци и други палци…

Вистина е дека некои луѓе се трансформираат драстично, како што е случајот со узурпаторот на претседателската функција во Македонија, чие име и дело најчесто се поврзуваат со растителниот свет. Тој некогаш беше маргинално, тивко професорче, потивок од риба. Седеше кротко, нишкаше со глава, молчеше. Но, дојде мигот, кога не им одолеа на ниските страсти поврзани со пари и барем нешто малку моќ, па стана и претседател (со изборна кражба).

Но, некои ликови, грди карикатури по дух и интелект (не зборувам за надворешниот изглед), отсекогаш биле фашистички ѓубриња, не биле притаени, туку отворено дејствувале против прогресивните идеи и процеси. Таква е и Билјана Ванковска. Убаво име и презиме, зад кои се кријат неброени грди постапки. Ова суштество се проби на сите можни функции и позиции од каде што извираат знаења и пораки за мирот и помирувањето. Во екот на нејзините националистички и полтронски настапи, во служба на режимот на онаа мизерија од човек, бегалецот Груевски, таа имаше успех во институции чии наслови ги красат зборовите мир, безбедност, помирување…

Во нејзината биографија е и еден РЕКОМ, каде што, во екот на груевизмот, стана јавен заговарач за Македонија. (РЕКОМ е краткиот назив на Регионалната комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и тешките повреди на територијата на поранешна Југославија во периодот 1991-2001). Таа, во својата биографија се фали дека била некаква си соработничка во институции со звучни имиња како Европскиот мировен универзитет од Австрија или Женевскиот центар за демократска контрола над вооружените сили, на пример. Добро, првиот веќе не постои, а на сајтот на вториот нема ни трага од неа, но ги личи кога ќе ги стави некој во биографија. Понатаму, наредени се преку десет меѓународни институции и позиции во нејзината биографија, меѓу кои и звањето номинатор од Македонија за Сеулската награда за мир. Па, кого оваа сподоба може да номинира за мир? Јанко Бачев? Или Јохан Тарчуловски?

Толку ли се наивни тие што седат во бордовите по европските и светските институции што се занимаваат со мировни прашања? Не, не може да се каже дека се наивни. Попрво, треба да се запрашаме за нивото, кредибилитетот и доследноста на тие луѓе и институции? Особено оние што се географски поблиску до Македонија, како што е РЕКОМ, на пример.

Ако ја погледнеме домашната кариера на Ванковска, ќе видиме дека таа е универзитетски професор и тоа државен! Предава за мир! Платена со парите на оние што ги труе со најпримитивна националистичка и насилничка омраза што може да се замисли. Нема да навлегувам во редење примери за нејзиното отровно дејствување. Само ќе кажам дека изгледа како да се натпреварува со пословичниот примитивизам и вулгарност на разните миленковци, апашиевци, буреци и други дибеци.

Оваа наци креатура е дел од таа „универзитетска елита“ во која спаѓаат и гротеските од универзитетски професорки и професори како што е и една Каракамишева или Силјановска-Давкова… И безбројни други видливи и невидливи, поважни и сосема неважни професорчиња, напикани во фугата на домашниот (анти)систем и спикани во ќошињата на разните меѓународни авторитети чија ароганција не им дозволува ни една буква од својата мисија да исполнат.

Со децении, УКИМ во своите ходници, амфитеатри и кабинети храни еден ужасен морален шљам. Тие што одлучуваат за нивниот ангажман не се ни наивни, ни слепи. Можеби им е сеедно, затоа што не ги плаќаат од свој џеб. Ние ги плаќаме, ние што го полниме буџетот од кој тие цицаат цел живот, опкружени со удопствата на корумпираниот систем. И чии млади седат во школските и универзитетските клупи и впиваат отров и глупост од ваквите никаквеци.

Можеби не споменав ниедно име од „другата страна“, но не значи дека ги нема. И самиот сум бил мета на такви грди ликови, распрдени тапоглавци и фашисти што водат црни листи од „предавници“ и послушно цицаат пари и градат кариери што ги плаќаме (кој друг?) сите ние.

Што да се прави? Кога веќе системот е расипан и не покажува намера да го исчисти ѓубриштето наталожено од ваквите и сличните на нив, ние можеме да им „помогнеме“ на овие цицачи да си го најдат заслуженото место – на буништето на сегашноста и на историјата. Ние, сите заедно.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...