УЕФА ќе бара исклучување на Сити од ЛШ

609

Европската фудбалска федерација (УЕФА) наскоро ќе побара исклучување на Манчестер сити од Лигата на шампиони поради кршење на финансискиот фер-плеј, но и многу други спорни зделки, наведува „Њујорк тајмс“.

Веќе неколку месеци англискиот првак е предмет на истрага на регулаторните тела на УЕФА кои пред две недели се сретнаа во Нион за да ги донесат заклучоците од истрагата.

Конечната одлука на јавноста ќе им ја соопшти раководителот на истрагата, поранешниот белгиски премиер Ивес Латерн, кој се очекува да побара најмалку едногодишно исклучување на Сити од европските натпреварувања, но се уште не се знае со сигурност на која сезона би се однесувала казната.

Доколку предлог за санкции кон англискиот првак биде прифатена, истиот би бил голем удар за сопственикот на Сити, шеикот Мансур, кој последниве 10 години вложил милијарди евра во засилувања, плати за играчите, персоналот и инфраструктурата на клубот.

Сепак, доколку УЕФА одлучи да ги усвои санкциите, Сити сигурно ќе го искористи правото на жалба ако знаеме дека англискиот првак ги отфрли обвинувањата на адреса на нивниот клуб како невистинити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...