УЕФА негираше дека ја поканиле Аргентина во Лигата на нациите

117
ФОТО: EPA / Paulo Fonseca

Претставниците на УЕФА силно ги отфрлија информациите дека европската централа ја поканила Аргентина да се приклучи на Лигата на нациите.

– Објавата дека Аргентина е поканета да учествува на турнирите под покровителство на УЕФА и која беше предложена да стане членка на организацијата не одговара на реалноста. Никогаш не сме разговарале за ова прашање. Во знак на пријателство, УЕФА ќе го покани националниот тим на Аргентина да ги следи натпреварите под наше покровителство како специјален гостин – соопштија од УЕФА.

Така, гласините беа побиени дека аргентинската федерација добила предлог од УЕФА да игра во Лигата на нациите откако капитенот на тимот, Лионел Меси го обвини КОНМЕБОЛ за корупција.

ФОТО: EPA / Paulo Fonseca

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...