Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни повеќекратниот грчки шампион Панатинаикос со тригодишна суспензија поради неисплатени долгови кон своите фудбалери.
Фудбалерите на Панатинаикос на почетокот на месецот стапија во штрајк поради неподмирени обврски кон нив.
Управата на „зелените“ имаше рок до 1 март да им ги исплати заостанатите плати на фудбалерите, но тоа не се случи, па УЕФА презема конкретни чекори.
Покрај суспензија, Панатинаикос ќе мора да плати и казна од 100.000 евра.
Трофејниот грчки клубот од Атина во својата богата историја има едно финале и две полуфиналиња во Купот на европските шампиони.